Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Сајкоски: Очекуваме победа секаде, Македонија ќе победи – доаѓа ново време

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница заседаваше и утврди 25 кандидати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница заседаваше и утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои што се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат.

Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните, во изминатите 4 години, а тоа го потврдуваат и анкетите.

Реклама

ИК утврди и ги предложи следните кандидати:

1. Аеродром – Дејан Митески

2. Бутел – Дарко Костовски

3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски

4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски

5. Штип – Иван Јорданов

6. Велес – Марко Колев

7. Свети Николе – Дејан Владев

8. Карбинци – Виктор Паунов

9. Градско – Киро Нацков

10. Кавадарци – Митко Јанчев

11. Гевгелија – Андон Сарамандов

12. Зелениково – Коста Маневски

13. Илинден – Александар Георгиевски

14. Конче – Златко Ристов

15. Делчево – Иван Гоцевски

16. Ново Село – Ѓорге Божинов

17. Василево – Славе Андонов

18. Босилово – Ристо Манчев

19. Берово – Петар Ружински

20. Петровец – Борче Митевски

21. Битола – Тони Коњановски

22. Охрид – Кирил Пецаков

23. Вевчани – Спасе Кочовски

24. Брвеница – Јовица Илиевски

25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

-Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини 5:1. Сите кандидати ги исполнуваат сите квалитети за градоначалник, се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници, кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, а другиот дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои до сега се водени од кадри на СДСМ. Сакам да нотирам дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници, преку Месните комитети и Општинските комитети, истовремено и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници. Потребно е заедништво за да градиме државни цели. Ги повикуваме сите да се надминат себе си и да ја стават Македонија пред се, рече Ѓорѓија Сајкоски.

Со кандидатите кои што се предложени, ВМРО-ДПМНЕ верува дека тоа може да се случи.

-ИК предочи дека пред Македонија е во изборен период, во кој ќе се одлучува за тоа Македонија дали целосно ќе се стави на патот за трансформација. Заклучено е дека во сите општини преовладува желбата раст, развој, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Очекуваме победа секаде. Македонија ќе победи. Доаѓа ново време, порача тој.