Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Во ЕП на 4-ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет и јазик, изјави денеска на прес- конференција премирот на Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет и јазик. Бидејќи често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е споменувано дека во суштина тоа не е пречка за никого. Очекувам европретениците едногласно да го усвојат овој извештај во кој се потврдува посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кој што е дел од официјалните јазици на Обединетите нации и меѓународно признаен или кодифициран 1977та иако претходно неговатѕа кодификација е завршена уште во 1945тата година во рамките на Обединетите наци, ова година славевме 80 години од неговото кодифицирање. Така да тука не гледам апсолутно никаква пречка ако навистина сите сме едногласни и тоа не беше никаков проблем, рече премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати свои претставници во Брисел кои што за цел ќе имаат да разговараат со европратениците по одност на Резолуцијата информираше премиерот Мицкоски.

Реклама

-За жал, да кажам повторно од Исток стигаат поинакви коментари и гласови, но да видиме како целата ова работа ќе заврши. Јас зборував за единство, не така оддамна од сега кога го чествувавме денот на светите Кирил и Методиј и тогаш кога повикував на единство зборував токму на ваков тип на единство. Настрана од нашите дневни политики, настрана од нашите дневни политички разлики. Ги повикувам сите политички чинители во државата да се обединат и да почнат од денес да вртат на своите сестрински партии кои што имаат пратеници во ЕП. Знам дека опозициската СДСМ има едно такво смејство, ги повикувам уште денеска да почнат да вртат до своите сестрински партии, истото е политичката опозициска ЛДП, а ние денеска како политичка партија ќе имаме извршен комитет и на тој извршен комитет ќе подготвиме стратегија како ВМРО-ДПМНЕ на лице место ќе испрати луѓе кои што ќе бидат деновиве кои што се преднас повторно да бидат во Брисел за да продолжат да разговарат со европратениците и потребата од носењето на оваа Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик, изјави Мицкоски.

Мицкоски појасни дека Резолуцијата е плод на долгорочна работа од речиси една година, а во ЕП ќе се расправа на 4-ти следниот месец.

-Ова не доаѓа туку така, ова е плод на работа која што се случуваше би рекол повеќе од 10-11 месеци, речиси една година. На 4ти јуни ќе биде расправата во Парламентот според информациите кои што гио имам, а гласањето би требало да биде во јули. Така да уште еднашка сакам да потенцирам дека посебниот македонски многувековен идентитет и меѓународно кодифициранан посебен македонски јазик е факт и секој оној кој ги негира и одбива да ја прифати оваа реалност и овој факт е анти НАТО и анти ЕУ. Така што било кој што ова не го прифаќа од земјите членки и било кој европратеник кој што нема да гласа во насока на прифаќање на ова Резолуција е анти Еу пред се и е спротивно од европските вредности дефинирани од Аденауер, Шуман и Дегаспери многу одамна, заклучи Мицкоски.