Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

„Британците не даваат туку-така пари, контролата е ригорозна!“ Јанкулоски за стратешкото партнерство со Британија

Парите кои што ги даваат Британците не ги даваат туку така, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите кои што ги даваат Британците не ги даваат туку така, туку тие подлежат на ригорозна контрола, изјави проф. д-р Звонимир Јанкулоски, побивајќи го евтиниот и популистички наратив на СДСМ и Левица дека средствата од заемот кој е дел од Договорот за стартешко партнерство ќе биле подложни на манипулација.

Тоа најверојатно, вели тој во емсијата „За или против“ на Тв Алфа со новинарот Љупчо Цветановски, се должи на навиката на СДСМ да ги користи како параван за криминал договорите кои ги потпишуваше, нешто што не  еодлика на новата македонска влада.

-Меѓутоа, наративот кој се наметна во Македонија. Точно е, пари не се даваат за ништо, меѓутоа познавајќи ги Британците како дават пари, работејќи, живеејќи таму знам како функционира тој систем на контрола на она што ви го даваат како финансиска поддршка, дали за проект, дали во сучајот за инфраструктурни проекти ќе знаете дека контролата е ригорозна, не е тоа ќе ви ги дадат па вие ќе можете што сакате да правите, односно на начин на кој што вие ќе сметате дека целисходно, тоа не поминува со Британците, појасни поранешниот амбасадор  Јанкулоски.

Реклама

Станува збор за геостратешко партнерство со една од највлијателните држави во во светот, станува збор за држава која била империја и нормално е дека во прашање се интереси и кога влегувате во таков дипломатски договор секогаш се раководите од интереси, истакна  Јанкуловски.

-Се работи за геостратешко партнерство со една од највлијателните држави во во светот, се работи за империја, држава која била империја и кон која треба да настапиме со должна почит, нормално во прашање се интереси. Кога влегувате во таков дил, дипломатски договор секогаш се раководите од интереси. Сигурно и Британците се раководеле од сопствените интереси, меѓутоа и вие се раководите од вашите интереси, сигурно е најден компромис затоа е стратешкото партнерство со Велика Британија, смета амбасадорот Јанкуловски.

Тој потенцира и дека опозицијата намерно погрешно ги толкува наводите за безбедносна соработка со Македонија, отфрлајќи го наративот за наводен прием на мигранти во државата како манипулација на јавноста.