Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни

После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на Владата за усвојување на измената на Програмата за научно – истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни за сите државни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Факултетите, научниците и младите, како што посочи Митева, ќе можат да ги користат овие реномирани научни бази бесплатно.

-Со ова, најпрестижните списанија и трудови стануваат достапни за сите. Министерството за образование и наука ја презема оваа одговорност и ќе го обезбеди пристапот. Ова отвара можност за конечен напредок и конкурентност во науката. додаде таа.

Реклама

Владата на денешната 77 седница усвоила два клучни закони кои се дел од реформската агенда чиј рок за донесување е јуни 2025 година.

Митева појасни дека станува збор за Законот за електронски комуникации и Закон за безбедносни мрежи и информациски системи или поконкретно за прв пат се носи закон посветен на сајбер безбедноста. Ова, како што посочува таа, се два клучни реформски закони кои покажуваат дека Владата отвара ново поглавје во дигиталната трансформација на Македонија.

Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни