Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Нов јавен клуч на УЈП за потпишување МПИН пресметки

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека генерирала нов јавен клуч што важи од денеска и треба да се користи за криптирање на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер.

-Даночните обврзници кои имаат активен код за идентификација треба задолжително да го преземат новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи (фајл PIOMJaven.cer), од веб – страницата на УЈП (линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/257). Напомeнуваме дека новиот јавен клуч треба да се ископира на работната машина на која е инсталиран Клиентскиот софтвер за подготовка на МПИН пресметки, на патека C:MPPP-Prijavikod, соопштија од УЈП.

Оттаму додаваат дека новите даночни обврзници на кои по прв пат им се генерира код за идентификација треба да го инсталираат заедно со новиот клуч на УЈП, кои ќе ги добијат на USB (доколку барањето за код го имаат доставено во хартиена форма до шалтерите на УЈП), односно ќе ги преземат преку системот е-Даночни услуги (доколку барањето за нов код за идентификација го доставиле во електронска форма).

Реклама

-Истово важи и за постоечките даночни обврзници кои го менуваат кодот за идентификација. Сите даночни обврзници кои сѐ уште немаат поднесено МПИН пресметка за мај 2025, како и оние кои во текот на вчерашниот ден добија порака дека МПИН пресметката нема да им биде обработена, по преземањето на новиот јавен клуч, да изготват МПИН пресметка и да ја поднесат до Управата за јавни приходи, се вели во соопштението од УЈП.