Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Рокас: Задоволен сум што ЕУ фондовите придонесуваат за успешна реализација на проекти во Општина Велес

Со поддршка од ЕУ фондовите, во Општина Велес, во изминатите неколку години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поддршка од ЕУ фондовите, во Општина Велес, во изминатите неколку години се реализираа капитални проекти, меѓу кои и адаптација на поранешното градско кино во Европска куќа на млади. Со поддршка од ЕУ фондовите, изграден е и капиталниот проект за уредување на централното градско подрачје, преку изградба на прва пешачка зона, решавање на атмосферската канализација и уредување на улиците и сообраќајниците.

Воедно, како приоритетен проект кој наскоро ќе почне да се реализира со средства од ЕУ фондовите е капиталниот проект за изградба на Пречистителна станица на Вардар, а како втор проект ќе биде решавање на дивите депонии не само во Општина Велес, туку и во целата држава.

Евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Општина Велес изрази задоволство што со поддршка на ЕУ се реализирани сите овие проекти.

Реклама

Тој на прес-конференцијата информираше дека се сретнал и разговарал со градоначалникот Марко Колев и членовите на општинскиот Совет, при што бил информиран за предизвиците и приоритетите коишто ги имаат.

-Сите се согласивме дека главните проблеми, како што се водоснабдувањето и третирањето на цврстиот комунален отпад, се прашања коишто треба да се адресираат и решат веднаш и во тој контекст и натаму ќе продолжи финансиската поддршка што ја дава ЕУ, најави евроамбасадорот Рокас.

Тој нагласи дека за решавање на овие прашања треба еден полистички пристап за да можеме да ги решаваме предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

-За да може на крајот на денот да бидат видливи резултатите, финансиски средства кои се на располагање од страна на ЕУ, фондовите од страна на централната и локалната власт треба да се хармонизираат. Сето тоа со цел на крајот да се видат резултатите од реализираните проекти, а кои им се потребни на граѓаните, нагласи евроамбасадрот Рокас.

Тој им се заблагодари на граѓаните на Велес и градоначалникот Марко Колев кои учествува во хуманитарната трка за настраданите во Кочани што изминатата недела се одржа во Велес и уште шест градови меѓу кои и Скопје, а која ја поддржа Европската делегација во Скопје во соработка со Европските куќи на млади.

Рокас денеска се сретна со претставниците на Младинскиот совет на општината, а поладнево ќе ја посети Европската куќа на млади во центарот на градот и ќе се сретне со младите.

Градоначалникот Марко Колев искажа голема благодарност до делегацијата на ЕУ и до евроамбасадорот Михалис Рокас за поддршката што во изминатите неколку години и ја дава на Општина Велес.

Колев информира дека Општина Велес во изминатите две години интензивно работеше за обезбедување на техничка документација. Воедно, пред месец дена е издадено одобрението за градба за пречистителна станица на Вардар, а која ќе се гради со средства од ЕУ фондовите.

-Се надевам во наредниот период успешно ќе заврши постапката за избор и во наредните неколку години ќе го изградиме овој голем капитален проект за Општина Велес, најави Колев.

Колев информира дека со Рокас разговарале и за проблемот со регионалните диви депонии.

-Секој ден е важан, а секој ден за жал имаме се’ повеќе диви депонии, а се надеваме дека со поддршка на ЕУ фондовите наскоро ќе се реши овој проблем на ниво на целата држава, нагласи Колев.