Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Трајков: Калас внимателно ги сослуша нашите ставови, ние не отстапуваме од нашите позиции

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно ги сослуша нашите ставови и позиции. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме и посветено работиме да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Сепак, станува збор за двонасочна улица. Не е само ние да покажеме иницијатива и да понудиме решенија, треба истото да го направи и другата страна, изјави заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трајков.

Таа денеска на новинарско прашање дали постои поголем оптимизам во однос на евроинтеграцијата по посетата на Калас и како ја коментира можноста за билатерална средба со бугарската страна на Самитот на НАТО во Хаг, потврди дека ставовите на Бугарија до сега беа тврди и децидни, но ние нема да отстапиме од нашите ставови. Како што рече, постои можност државите да „се најдат на средина“.

-До сега беа децидни и тврди во нивните ставови, не отстапуваме и ние, така што можеби ќе се најдеме некаде на средина. Она што е важно за нас како Влада е да инсистираме добрососедските односи и понатаму да се негуваат како што треба, посочи Трајков.

Реклама

Таа рече дека ние не отстапуваме од се она што е веќе изјавено од страна на премиерот и претседателката.

-Се радувам што госпоѓата Калас навистина внимателно не сосслуша во однос на тоа кои се нашите ставови и позиции. Ние не отстапуваме од сето тоа кое што претходно и премиерот и претседателката на државата го имаат изјавено. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме. Оставете малку време на времето. Мислам дека сме посветени во тоа да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Периодов ќе работиме на ова прашање посветено, рече Трајков пред почетокот на Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во Скопје.

Прашана дали очекува во Собранието да биде усвоен Извештајот за Европската Комисија, Трајков одговори дека посветено се работи и потенцираше дека не постои дилема во реализирање на се она што е нацртано до 2027 година.

-Иако имаше транзиција на власта, сепак резултатите од реализацијата на реформската агенда покажуваат дека навистина ние посветено работиме на истата. Така што без разлика на се, за Македонија се работи и немаме дилема во реализирање на се она кое што сме го нацртале до 2027 година, додаде Трајков.