Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче не чувствува одговорност за Онкологија и не му е грижа за граѓаните

„Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија.

Венко Филипче не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

На Филипче не му е грижа што онколошката терапија не се давала на пациенти, дека се крадела, па дури и завршувала на црниот пазар во Косово.

Реклама

Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети.

На Филипче не му е грижа и не чувствува одговорност што дозволи здравствениот систем да се распадне.

Филипче не чувствува одговорност што поради него и СДСM се случи крах на македонското здравство, кој доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

На Филипче му е важно единствено како да се факторизира на политичката сцена, за повторно да местат тендери во четири очи, да течат провизии, и да прават зделки со Заев.

Филипче и СДСM треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем.

СДСM е синоним за корупција криминал и предавства.“

Соопштение на партијата ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Онкологија“ и поврзаноста на Венко Филипче.