Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Судскиот совет избра шест нови судии во граѓанска област на Апелационен суд Скопје

Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Силјановска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани се новите судии кои Судскиот совет ги избра денеска во граѓанска област на Апелационен суд Скопје.

Претходно во кривичниот оддел на Апелациониот суд беа избрани четири нови судии,Марија Клетничка Марковска, Оља Ристова, Иван Џолев (претседател на Основниот кривичен суд Скопје) и Бетим Јахја.

Во рамки на седницата, Судскиот совет го избра Африм Фидани за претседател на Врховниот суд. Фидани доби осум гласа „за“ и пет „против“, додека за неговата противкандидатка, досегашната претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, имаше само два гласа.

Реклама

Дискусијата на членовите на Советот се фокусираше на неговиот акционен план за подобрување на состојбите во судството. Фидани е судија на Врховниот суд од 2017 година, а неговата кариера започнува со дипломирање на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина во 1989 година.

Со десет гласа „за“, судијата Хаџо Тариќ беше избран за претседател на Основниот суд Крушево. Тариќ, кој е судија во Основен суд Битола од 2010 година, претходно работел како адвокат во Прилеп.

Судскиот совет денеска ги усвои и записниците од 519. и 520. седница, донесе одлуки за назначување и разрешување на судии-поротници, како и за формирање комисии за избор на претседатели на судови.