Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Шпаркасе Банка АД Скопје одбележува 200-годишен јубилеј на Штаермеркише Шпаркасе

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на значајниот јубилеј на својата матична групација – Штаермеркише Шпаркасе, која овој мај 2025 година слави 200 години постоење.

Овој јубилеј е симбол на довербата, стабилноста и континуираната поддршка што оваа реномирана банкарска институција веќе два века им ги дава на речиси 3 милиони клиенти, преку 195 експозитури и деловни згради во целата групација. Под мотото „Светот на иднината“ – (#TheWorldOfTomorrow), Групацијата Штаермеркише Шпаркасе праќа силна порака за иднината – дека со заедничка посветеност можеме да создадеме подобар свет за сите нас.

– Во 2025 година славиме 200 години постоење, историја и визија. Горди сме што Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе со полни два века искуство, а истовремено предводник на новите генерации клиенти и вработени, кои гледаат кон иднината со сигурност и оптимизам. Нашата улога не е само финансиска, без разлика дали се млади корисници, мали бизниси или големи корпорации – ние сме присутни таму каде што навистина значи. Веруваме во долгорочни односи, па затоа нашата мисија останува иста, со нашите клиенти да бидеме партнер од доверба, кој ги разбира потребите на луѓето и активно придонесува кон развојот на заедницата – изјави г. Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Реклама

Во време на забрзани промени, Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да гради стабилна основа, притоа инвестирајќи во иновации, во луѓе и во заедницата. Во текот на оваа година, како и во досегашното дејствување, Банката ќе се посвети на директни инвестиции во заедницата преку поддршка на клучни сегменти, и тоа: едукација и финансиско здравје, грижа за животната средина, одржлива и зелена економија, култура, спорт и проекти за одржливост.

Во чест на својата 200-годишна традиција, групацијата Штаермеркише Шпаркасе започнува јубилејна кампања посветена на прашањата што ги обликуваат нашето општество и иднина. Кампањата се фокусира на важни теми како што се: Каков ќе биде светот во кој ќе живееш? Што те инспирира и ќе ти донесе радост? Какви предизвици те чекаат и со кого ќе ги споделиш?

Иако не можеме да предвидиме точно каква ќе биде иднината, искуството од 200 години покажува дека вербата во секој поединец е најголемиот двигател за напредок. Заедно можеме да поместиме планини и да изградиме свет полн со можности и оптимизам.

За Штаермеркише Шпаркасе

Основана во 1825 година во Грац, Австрија, Штаермеркише Шпаркасе денес е водечка регионална банка во Штаерска и значаен финансиски партнер во Југоисточна Европа. Присутна во нашата држава преку Шпаркасе Банка АД Скопје од 2008 година, Групацијата е посветена на одржлив раст, локален развој и човечки вредности.