Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа.

Во вежбата што ќе се одржува во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од државава, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници.

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Реклама

Вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски минатата недела на брифинг со медиумите информираше дека оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски држави.

– Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските силик како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

„Брз одговор 2025“ се поклопува со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД.

Во пресрет на воената вежба, во Битола и Штип заеднички концерт одржаа Воениот оркестар на Армијата и оркестарот на Националната гарда од Вермонт, САД. Отворениот ден за граѓаните со приказ на операмата од вежбата е закажан за 1 јуни во Кавадарци, а денеска концерт ќе одржат во Скопје.

Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

Според американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

– Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници, вели Агелер.

Од Американската амбасада во петокот во соопштение посочија дека САД и Македонија продолжуваат да го зајакнуваат своето партнерство во одбраната, образованието, претприемништвото и граѓанското општество, поддржувајќи го институционалниот развој и безбедносните способности на Северна Македонија.

– Двете земји остануваат насочени кон проширување на соработката во енергетиката, одбраната, трговијата и културната размена, обезбедувајќи долгорочен просперитет и безбедност. Брз одговор 2025 е пример за обезбедување мир преку зајакнување на подготвеноста на НАТО и колективната одбрана, нагласија од Американската амбасада.