Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Манасиевски: ОЈО да ја провери улогата на Филипче во случајот Онкологија

Случајот со Онкологија е веќе втор случај по пресудата за Модуларната болница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со Онкологија е веќе втор случај по пресудата за Модуларната болница, каде што некогашниот министер за здравство, а сега привремен чувар на местото претседател на СДСМ, Венко Филипче е изземен од одговорност, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски вели дека човекот кој бил министер за здравство во периодот кога на Онкологија се правел овој криминал од тешки размери, каде што е оштетен Буџетот во износ од над 2,2 милијарди денари, бил Венко Филипче.

-Венко Филипче повторно не е во истражна или судска постапка, па така легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде повикан дури ниту на разговор? ОЈО треба да ја провери улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите. Филипче не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната болница, ниту за Онкологија, ниту за Стабри вакцините, ниту за крвави тендери, едноставно Филипче делува како да е заштитен од судството коешто тие заедно со ДУИ го бираа. Проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето на онколошка терапија и купувањето на скапи лекови од компанија блиска до Филипче, ОЈО мора под итно да го истражи, истакнува тој.

Реклама

Манасиевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ го повикува Филипче да прекине да се крие по партиските штабови и да се појави во јавност. Филипче и должи одговори на македонската јавност.

-Филипче е црната точка на системот, кој треба да биде оставен во минатото. Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност, додава Манасиевски.