Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе овозможи изградба на брза железница на Коридорот 10, уште еден колосек на пругата од Табановце до Гевгелија

Со договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со договорот за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство на Македонија и се става на располагање најголема економска рамка од 6 милијарди евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека со договорот ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10.

-Еден од проектите за имплементација е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, се наведува во соопштението на партијата.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ќе започне нов силен циклус на економски раст.

-Овие крупни инвестиции и проекти се од витално значење на државата кои ќе донесат и нови инвестиции, ќе се поттикне регионалната соработка, ќе се олесни соработката со соседните земји и ќе се олесни учество на Македонија на регионалните пазари. Ќе се овозможи зголемување на обемот на трговијата и ќе создадеме можност за потенцијално зголемување на извозот. Ќе се овозможи Македонија да стане поатрактивна дестинација за нови странски инвестиции, кои носејќи капитал во нашата држава, ќе отворат и можности за нови вработувања, стои во соопштението.