Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека сега ќе бидат нивелирани 50 проценти од царинските тарифи и ќе важат од 1 јули, а второто намалување ќе биде од 1 јануари 2026 година.

– Тоа се царински ставки, парафискални давачки, кои имаат намера да го зголемат домашното производство и да помогнат во извозот на домашните производни компании и се усогласуваат со европските, што е многу важно. Педесет проценти од царинските тарифи во моментов ќе бидат нивелирани и ќе важат од 1 јули, а останатите педесет проценти од 1 јануари 2026 година, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Македонскиот народен театар, пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

На новинарско прашање за најавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царина од 50 отсто за ЕУ и дали тоа може да претставува закана за македонската економија, премиерот очекува дека ние ќе бидеме меѓу оние земји со најниски царински стапки.

Реклама

– Нашата царинска ставка во моментот е 10 проценти со САД. Ние со ова усогласување воведуваме царинска ставка од 0 проценти за производите и услугите што доаѓаат од САД, така што очекувам сето тоа да биде препознаено. Веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на претседателот Трамп. Јас веќе неколку пати разговарав со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник. Мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најниски ставки откако ќе се потпише тој договор, изјави Мицкоски.