Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Северна Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март 2025 годинава.

Како што информира Црвениот крст, заклучно до денеска во неколку наврати оваа организација изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.

– Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250 денари. Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари, стои во соопштението.

Реклама

Преостанатите средства во износ од 46.593.866 денари на сметката на Црвениот крст, како што се наведува, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата. Најавува дека за тоа ќе информира.

Црвениот крст се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Продолжуваат со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка во обид, како што велат, да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.