Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Онкологија со апел до пациентите и нивните блиски: Останете смирени, сталожени и доверливи

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на клиниката, уверувајќи дека се по отворањето на случајот „Онкологија“ воведени се драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите.

-Апелираме до сите засегнати, посебно до нашите пациенти и нивните блиски, да останат смирени, сталожени и доверливи во однос на целокупниот работен процес на нашата клиника. Имено на УК за радиотерапија и онкологија, а информирана е и целата јавност, дека по тој немил настан се воведоа драстични промени во работата се со цел стандардизирање на третманот на пациентите со воведување на редовни онколошки конзилиуми на кои се одлучува за третманот на пациентите во согласност со современите протоколи кои се усвоени од меѓународните стручни здруженија. Од УК за радиотерапија и онкологија апелираме за смиреност и доверба во персоналот на УК за радиотерапија и онкологија, кој навистина макотрпно работи. Ние сме тука пред се за здравјето на пациентите и нивната благосостојба, информираат од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Како што соопшти вчера на прес-конференција предметната јавна обвинителка, Ана Гоговска Јакимовска предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози. Обвинителството, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднеле и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.