Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Клековски: Обвинението за Онкологија е доказ дека борбата против криминалот на оваа Влада не е декоративна туку суштинска

Посветеноста на оваа Влада во борбата против криминалот не е декоративна туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветеноста на оваа Влада во борбата против криминалот не е декоративна туку суштинска. Еден од доказите е обвинението за Онкологија, оценува директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

-Таму се обвинети медицинскиот и економскиот директор на клиниката за Онкологија и уште два доктори. Морам да кажам дека колку мене ме држи сеќавањето, надвор од индивидуални случаи на мито, значи доктор што земал пари од пациенти и неколку случаи на груби лекарски грешки како влегување пијан во операциона сала, јас не памтам да имало обвинение против лекари. Не памтам и обвинение за овој тип на криминал. Зборуваме за злоупотреба на работните места за тргување на лекови на црниот пазар. Црниот пазар на лекови на Балканот е високо развиен, тоа не е македонска карактеристика. Важно е сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Македонија силно да се борат против црниот пазар на лекови. Сите количини на лекови на црниот пазар се лекови кои се ускратени некому на легалниот пазар. Сите бевме во големо исчекување на ова обвинение, секако обвинението не е добиен судски процес и осудени виновници, но мислам дека е порака до сите оние луѓе кои што беа во криминал дека таквите работи се завршени, рече Клековски.

Тој посочи дека неказнивоста во здравството и сите подрачја мора да заврши.

Реклама

-Ние еднаш мора да направиме преседан, да го раскинеме ланецот на неказнивост. И мислам дека сме на добар пат, посочи директорот на ФЗОМ.