Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Трипуновски: Законот за земјоделство и рурален развој е темелот на Министерството

„Дел од стратегијата која што ја работиме, преточена во активностите на Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дел од стратегијата која што ја работиме, преточена во активностите на Владата и Министерството е тоа што во првите 10-тина месеци како нова гарнитура посветивме сериозно внимание да го заштитиме трудот на македонскиот земјоделец“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„За културите за кои што изминативе месеци се изврши откуп гледаме задоволство кај земјоделците. За потсетување минатата година откупот на грозје заврши со позитива. Откупот на пиперката минатата година исто така заврши во позитива, немаше фрлање на родот. Откупот на тутунот говори сам за себе, за епохалниот успех. Во делот на пласманот на пролетната зелка имаме девизен прилив некаде над 32 милиони евра“, појасни министерот.

Министерот додаде дека на ЕНЕР системот е закачен новиот Закон за земјоделство и рурален развој, а тој претставува основата, темелот на проекцијата и визијата на едно министерство во која насока треба да се движи. Законот се изработува со сите чинители, транспарентно и отворено.

Реклама

„По завршување на овие 30-тина дена каде што ќе биде прикачен законот, повторно ќе седнеме и ќе ги собереме сите добри идеи, ќе организираме јавни расправи, се со цел тој закон кој што ќе го донесеме навистина да биде една проекција за во каква насока треба да се движиме“, посочи министерот.

Тој потсети дека пред извесно време е објавен повик за земјоделските задруги за да се субвенционираат. Здружувањето на земјоделците е клучот за пласманот на земјоделските производи.

Министерот посочи дека изминатиот период имаше јавен повик за млади земјоделци, бидејќи е потребна нова сила во земјоделството.

„Наредниот период преку рурален развој ќе имаме објава за набавка и кофинансирање анти фрост системи“, најави министерот.

„Секој регион во државата има предности во одгледување на некоја земјоделска култура”, истакна министерот.