Реклама
Економија

Бизнисот очекува најголем дел од проектите обезбедени преку стратешкото партнерство да ги изработат домашни компании

Бизнисот очекува македонските компании да изработат и до 70 отсто од проектите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот очекува македонските компании да изработат и до 70 отсто од проектите што ќе се реализираат преку стратешкото партнерство со Обединетото Кралство. Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, по средбата со министерката за финансии рече дека градежните компании треба да работат на изградба на инфраструктурните проекти за да прераснат во регионални играчи на пазарот. Она што е важно е тие да бидат вклучени во нискоградба и проектите да ги изработат квалитетно.