Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Економија

Азески: Сметаме дека новиот гувернер Славески ќе ги исполни нашите очекувања

Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално.

Како што рече денеска претседателот на Комората Бранко Азески, за бизнисот е многу важна стабилноста на курсот и девизните резерви да бидат поставени на национално ниво.

Комората од Славески очекува и продлабочување на соработката со реалниот сектор, посебно во делот на добивањето реални податоци врз основа на кои би се испорачувала и реална проценка на ситуацијата.

Реклама

-Ние секогаш сме имале став дека Народната банка е многу значајна институција за општата стабилност на државата и за водење на бизнисот и секогаш сме имале почит и респект кон неа. Долги години наназад нејзината самостојност е загарантирана и на некој начин докажана во работењето. Мислиме дека тоа ќе продолжи зашто изборот на личностите тоа го гарантира. За нас е многу битно да кажат – продолжи стабилноста на курсот, девизните резерви да бидат на национално ниво поставени, обезбедени и на некој начин очекуваме од новиот гувернер да ја продлабочи соработката со реалниот сектор на начин што во градењето на проекциите за монетарната политика ќе има барем некаков оддел во Народната банка специјализиран за истражувања на елементите потребни за градење на ставот на Народната банка по клучните задачи кои неа и се поставени, тоа значи дека ние во тој процес би помогнале, но суштината е да се добиваат реални податоци кои ќе испорачуваат реална проценка на ситуацијата. Се работи за многу професионална и многу зачајна институција, мислимедека Славески со кој сме имале добра соработка ќе го овозможи тоа и ќе ги исполни нашите очекувања, истакна Азески, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Трајко Славески е изборот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за гувернер на Народната банка. Ваквиот предлог е веќе испратен до Собранието, службите го примиле и се очекува од денеска да почне процедурата за негово именување.