Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Мицкоски од Желино: Секаде подеднакво инвестираме, продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти

-Преубав настан и преубава можност. Јас немам што многу да додавам од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Преубав настан и преубава можност. Јас немам што многу да додавам од тоа што го кажа и градоначалникот и министерот, ми преостанува само да му честитам на градоначалникот за фокусираната и посветената работа којашто ја врши. Да му се заблагодарам на секој еден којшто ја поддржува работата на градоначалникот бидејќи овие проекти се доказ дека одлично си ја врши работата како градоначалник.

Исто така да му се заблагодарам и на министерот, на членовите во Владата, на пратениците во македонското Собрание за поддршката којашто ја даваат за оваа програма на Владата којашто подразбира реалоцирање средства од централниот буџет и фокусирање на реални проекти за граѓаните. Еден од тие проекти е овој на којшто денес ние стоиме, министерот кажа дека во вториот повик имаме повеќе од 2.5 милиони евра, проекти што ќе бидат финансирани за Општина Желино, а во првиот повик некаде над 800.000 евра, тоа е вкупно околу 3.3, 3.4 милиони евра директно од буџетот коишто ќе бидат финансирани за Општина Желино проекти.

Јас само можам да посакам уште повеќе вакви проекти бидејќи ова се реалните потреби на граѓаните, ова се потребите на македонската економија, се разбира компаниите што ова го градат и наша задача како Влада е да обезбедиме подеднакви правилни услови за развој на сите деловите од целата територија на државата, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци или останати.

Реклама

Нема делба, секаде подеднакво се развиваме и секаде подеднакво ќе инвестираме, додека јас сум претседател на Владата гарантирам подеднаков развој на секој метар квадратен територија на Македонија, истакна премиерот Мицкоски.