Реклама
Прилози

Изборот на Трајко Славески за прв човек на НБРМ е закажан за 3 јуни

Предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, Трајко Славески да биде новиот Гувернер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, Трајко Славески да биде новиот Гувернер на Народна Банка, ќе биде ставен на гласање пред пратениците, на 3 јуни. Поранешниот министер за финансии, во наредните седум година ќе треба да ја води монетарната и фискална политика на Македонија. До изборот на Славески, функцијата гувернер, ќе ја извршува Анита Ангеловска Бежовска, чиј мандат истече вчера.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека согласно Уставот, обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.

„Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Уставот, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.

Реклама

Од СДСМ пак остро се спротивставија на предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гуврернер на централната банка. Според НИВА, Силјановска ја пропуштила можноста да промовира независна и стручна личност.

„Ние нема да го поддржиме предлогот за гувернер затоа што изборот е исклучиво теснопартиски. Ова не е избор што ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било, би рекол, традиција во изминатите години. Од претседател на Советот на Град Скопје доаѓа како предлог за гувернер на Народната банка. Тоа е првата работа. Втората причина е што тоа е човек што се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики, кои се за доброто на граѓаните. Тој беше најголемиот противник, ако се сеќавате, тој велеше дека дури 9.000 денари била голема минимална плата“, изјави Оливер Спасовски од СДСМ.

Од кабинетот на Силјановска објаснија дека претседателката при изборот се водела од стручноста, компетентноста, интегритетот и дигнитеот на кандидатите. Олуката не била лесна имајќи го предвид високиот квалитет на сите кандидати. Славески кој е професор на Економскиот факултет при УКИМ и претседател на советот на Градот Скопје, во периодот од 1999 до 2000 година го водеше Министерството за развој. Од ноември 2000 до септември 2002 година му беше советник на тогашниот министер за финансии и национален координатор за подготовка на „Националната стратегија за намалување на сиромаштијата“. Во мај 2005 година стана потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а од април 2005 до август 2006 година беше член на Советот на Град Скопје. Во август 2006 година стана министер за финансии, а на функцијата остана до јули 2009 година. За нецели две недели отсега, пратениците ќе гласаат за избор на Славески за гувернер..  за да биде избран ќе бидат потребни најмалку 61 пратенички глас.