Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Владина делегација предводена од Николоски во Лондон за договорот за стратешкото партнерство

Вицепремиерот, и министер за транспорт – Александар Николоски, денеска и утре, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот, и министер за транспорт – Александар Николоски, денеска и утре, е во посета на обединетото кралство, каде што ќе биде потпишан договорот – влада со влада, во рамки на договорот за стратешкото партнерство меѓу двете земји, со кој Македонија добива – историски најголем обем на средства за реализација на капитални проекти, од шест милијарди евра.

Посетата на Николоски е на официјална покана од британската влада, а следи откако владата, вчера, го усвои договорот за стратешко партнерство со обединетото кралство. Во владината делегација, која ја предводи Николоски, се и потпретседателот на Владата и министер за животна средина – Изет Меџити, министерката за образование – Весна Јаневска, и директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Синиша Ивановски.

Со договорот што ќе се потпише, целта е да се воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти, во секторите: здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Македонија.

Реклама

Планираните проекти со договорот се: изградба и реконструкција на железничкиот коридор 10, од табановце до гевгелија, кој се проценува дека ќе чини до две милијарди евра, а околу 200 милиони евра би чинела изградбата на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом во штип; целосната реконструкција на клиничката болница во Тетово; како и – изградбата на нова болница, со нов здравствен дом во кичево.

Параф на документот ќе стават вицепремиерот – Николоски и Герет Томас – министер за услуги, мали бизниси и извоз, во министерството за бизнис и трговија на обединетото кралство.