Реклама
Македонија

Средба на министерот Тошковски со казакстанскиот амбасадор, Н.Е. Сатибалди Буршаков

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со казахстанскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со казахстанскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Сатибалди Буршаков.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу нашите две земји и можностите за унапредување на соработката на ниво на полиции и борбата против сите видови криминал.

Двете страни го разгледаа договорот за полициска соработка помеѓу владите на двете земји, чии носители ќе бидат министерствата за внатрешни работи преку чие потпишување ќе се зголеми соработката на оперативно ниво, размената на информации, едукацијата на полициски службеници, како и соработката во борбата против сите видови организиран криминал меѓу двете министерства.

Реклама

Со тоа дополнително ќе се овозможи подобра соработка и доближување на стандардите на Европската Унија во областа на безбедноста и меѓународната заштита.