Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Економија

Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија

Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на Обединетото Кралство, договор кој што става на располагање најмногу средства до сега, 6 милијарди евра, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности. Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла. Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата, додаваат од владејачката партија.