Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Економија

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст на Македонија, изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти како и на зголемена потрошувачка, што е резултат на порастот на платите.

-Па, тој се темели на реализација на инфраструктурните капитални инвестиции и потрошувачката, поради растот на платите. Тој е позитивен, со позитивни изгледи за државата, иако јас сум оптимиста дека ќе биде и поголем. Минатата година, кога бевме избрани како Влада, Светската банка предвидуваше 1,8% раст. Ние тоа го над фрливме со 70-тина проценти, имавме раст од 2,8%. Третиот квартал, минатата година беше 3%, четвртиот 3,2%, а овој очекувам растот да биде помеѓу 3,5% и 4% на бруто-домашниот производ, напомена Мицкоски.

-Зошто? Затоа што сме една од ретките, можеби единствена во регионот — земја која што има раст на индустриското производство, во првиот квартал. Имаме раст на туризмот. Тука се смее — Зоран Љутков во позадина радосно, се разбира, и задоволно, затоа што од опозицијата заборавиле дека Љутков е министер за култура и туризам.

Реклама

Во првиот квартал од оваа година имаме раст од повеќе од 10%, на основ на број на туристи и на основ на ноќевања. Што е навистина редок случај во Европа — да не речам, единствен. Имаме раст во аутпутот во земјоделието. Имаме раст и во завршените градежни работи. Потрошувачката е двоцифрен раст.

Така што, имаме раст на директните странски инвестиции, раст на извозот. Иако има криза во автомобилската индустрија, тоа не ја погодува нашата држава. Реализација на капиталните инвестиции на дневна основа. Така што првите индикатори дека одиме на добро веќе јасно се гледаат.

Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме помеѓу 3,5% и 4%. Инфлацијата е во март 2,7% на годишно ниво, а на месечно е -1. 3%. Во април беше 2,6% на месечно ниво 0,6%.

Така што, ако ги гледаме сите овие индикатори, можам да дојдам до заклучок дека сум уште поголем оптимист и дека има шанси да ја завршиме годината со оние проекции кои што ги имавме со раст поголем од 3,5%, објасни тој.