Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

-Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Со еден збор наследивме катастрофа, ова не е моја лична констатација, туку ова е констатација низ бројките кои што ги наследивме според сите статистики кои што говорат за вашето владеење, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при одговарање на пратеничкото прашање на Љупчо Николовски.

-Да потсетам наследивме Програма за субвенционирање и директни плаќања каде што огромен број на средства реално не беа исплатени кон земјоделците. Наследивме претпријатија кои што не можеа плата да поделат. Вработените во тие претпријатија немаа ниту здравствено и пензиско осигурување. Да потсетам дека во АД Водостопанство вработените немаа земено 4 месеци плата. Системите за наводнување ги наследивме во една таква катастрофална состојба што не можеме во наредните три години да ги вратиме во нормала, појасни министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека вработените во ЈП Национални шуми немаа плата земено додека Љупчо Николовски шеташе по светот.

Реклама

-Во делот на субвенционирањето и моделот на субвенционирање велите дека сте направиле реформа, сте направиле авансна исплата. Почитуван пратеник, само во Македонија формулацијата авансна се однесува на тековната исплата, тешка манипулација, истакна министерот Трипуновски потсетувајќи го пратеникот Николовски.

-Кажете ми еден сегмент, една земјоделска култура која што во вашето време бележи раст, каде што има добра цена, каде што има загарантиран откуп, каде што има задоволни земјоделци, министерот го запраша Николовски.

Министерот Трипуновски додаде дека Николовски водеше само успешна политика во трошење на државни пари на шетање.

-Изминативе 11 месеци по основ на заостанати субвенции, по основ на исплатени дополнителни интервентни мерки и тековни плаќања на субвенции исплативме преку 8 милијарди денари кон земјоделците, нагласи тој.