Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Божиновска учествува на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија во Брисел

Напорите и предизвици за целосно интегрирање на членките на Енергетската заедница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напорите и предизвици за целосно интегрирање на членките на Енергетската заедница во пазарот на електрична енергија на ЕУ ќе бидат главна тема на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија (ЕМИФ) што ќе се одржи денеска во Брисел, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Како што се наведува во најавата на собирот, иако ова интегрирање претставува долгогодишен политички приоритет и во него е постигнат значителен напредок, сепак станува се појасно дека првичниот временски рок за интеграција нема да биде исполнет.

За клучен следен чекор во тој правец се смета усвојувањето на план за поврзување на пазарот, по што првите активности на операторите на пазарот на електрична енергија од Енергетската заедница би можеле да се очекуваат во последниот квартал од 2026 година, доколку претходно бидат исполнети сите предуслови.

Реклама

Главните прашања за кои ќе се разговара на Форумот се однесуваат на преостанатите политички пречки за целосна интеграција на пазарот, потенцијалните заеднички активности за забрзување на процесот, придобивките за конкурентноста на Европа од понатамошното интегрирање на пазарите на струја и влијанието на Механизмот за прилагодување на јаглеродните ограничувања (CBAM) врз увозот и извозот на електрична енергија помеѓу земјите од ЕУ и Енергетската заедница.

Организатори на Форумот се Алпско-јадранско-дунавската берза за електрична енергија (АДЕКС), која е прва регионална берза за електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа, потоа Асоцијацијата на европски енергетски берзи (Европекс), како и Европската народна партија (ЕПП).

ЕМИФ е замислен како единствена платформа за поттикнување на политичката перспектива за интеграција на регионалниот пазар на електрична енергија и за унапредување на дијалогот меѓу засегнатите страни и носителите на одлуки.