Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Министерството за енергетика, институциите и донаторите ги синхронизираат приоритетите за транзиција кон чиста енергија

Со јасна цел за забрзување на енергетската транзиција и зголемување на координацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со јасна цел за забрзување на енергетската транзиција и зголемување на координацијата со меѓународните партнери, денес се одржа Пленарниот состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На настанот учествуваа претставници од клучните енергетски институции, донаторската заедница, меѓународни финансиски институции и развојни партнери, кои ги разгледаа постигнатите резултати и идните насоки за реализација на заедничките стратешки цели.

-Градиме енергетски систем кој нуди стабилност, доверба и одржливост. Новиот Закон за енергетика, праведната транзиција и инвестициските активности во обновливи извори се клучни алатки со кои го трансформираме нашиот енергетски сектор, истакна министерката Сања Божиновска во своето обраќање.

Реклама

Таа подвлече дека веќе се финализирани неколку договори со KfW, ЕБОР и ЕИБ за инвестиции во соларни и ветерни централи и мрежна инфраструктура, а во тек е и подготовка на нови закони за обновливи извори и енергетска ефикасност.

Министерката истакна дека новиот Закон за енергетика, кој неодамна беше усвоен во Собранието, претставува системски столб за натамошниот развој на секторот. Со овој закон се обезбедува стабилна, транспарентна и предвидлива регулатива за домашните и странските инвеститори, се зајакнуваат капацитетите на регулаторните и операторските тела, и се создаваат услови за интеграција со европските енергетски пазари. Законот е целосно усогласен со европската легислатива и ја потврдува посветеноста на земјата кон Реформската агенда за Западен Балкан.

Присутните учесници на состанокот го поздравија донесувањето на новиот закон, оценувајќи го како клучна основа за понатамошно унапредување на енергетската транзиција, како и за подобро управување со обновливите извори, пазарната либерализација и регионалното поврзување.

Во рамки на состанокот беа претставени и напредните проекти од страна на АД ЕСМ, насочени кон искористување на сончевата, ветерната и хидро енергија, со фокус на зелени вештини и одржливи работни места. Од страна на МЕПСО, беа презентирани активности за модернизација на преносната мрежа, дигитализација, сајбер-безбедност и зајакнување на инфраструктурата.

-Работиме со јасна визија и ограничени ресурси – но со континуирана посветеност да ја модернизираме нашата енергетска мрежа и нашите енергетски капацитети во служба на иднината, истакна Божиновска.

На состанокот беа презентирани и деталите од спроведувањето на Годишниот план за праведна транзиција, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на активна вклученост на сите страни во процесот на декарбонизација, енергетска безбедност и економски раст на земјата.