Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Најавувам големи промени во партијата и државата, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за убедлива победа на локалните избори, нашите кандидати секаде водат 3 до 4 пати споредено со кандидатите од опозицијата

Денес најавувам дека веднаш по редовниот конгрес кој ќе се одржи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес најавувам дека веднаш по редовниот конгрес кој ќе се одржи на крајот од оваа година, а најдоцна почеток на следната година ќе има голема промена во партијата и во Владата. Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единствено најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам се тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски во своето обраќање на 20-тата годишна Конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицксоки се осврна и претстојните локални избори.

„Пред нас се локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори интензивно. Кандидатите за градоначалници ќе ги објавиме во два циклуси, а првиот ќе започне крајот на месецов по одржани состаноци на ИК и ЦК на партијата. Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест и задоволство, но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати било каде во сите општини речиси водат најмалку 3 до 4 пати, споредено со кандидатите од опозицијата. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останатите двајца, тројца, четворица кои се на листите коишто се споредуваат со евентуалните кандидати, коишто ќе ги предложи опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2,3 или 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина“, вели Мицкоски.

Реклама

Премиерот Мицкоски истакна дека Унијата на жените е организација која е дел од срцето на партијата и заштитник на женските права и упати благодарност до секој член кој посветено се борел и се вложувал во политиките, реформите и верувањата на државата.

„Работиме посветено и одговорно, свесни за обврската и одговорноста која сме ја презеле, но и задолжени кон граѓаните и кон идните генерација затоа што оваа наша борба не е и нема да биде борба само на една генерација, наше е да го направиме најдоброто што можеме да поставиме темели и да ги вратиме вистинските вредности во политиката и општествениот живот, на почитување на законите, работа и посветеност за и кон сопствениот народ и држава, принципиелност, чесност, доследност“, рече Мицкоски.