Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Николоски: Брзата пруга станува реален проект. За час и половина ќе се стигнува до Солун

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе значи многу за Македонија и во делот на политика и во делот на економија. Николоски истакна дека во моментов Владата има подготвени проекти за околу две милијарди фунти, што би било околу 2,2 – 2,3 милијарди евра и тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме во периодот кој што следи пред нас.

„Првиот голем проект е брзата железница, односно брзата пруга на Коридорот 10, која што треба да оди од Табановце до Гевгелија, односно од границата со Србија до границата со Грција. Ќе се користи постојната рута, односно ќе се оди по рутата од Табановце која поминува покрај Куманово, влегува во главниот град Скопје, оди до новата железничка станица и надолу се спушта по реката Вардар и ја користи долината на реката Вардар, поминува Велес, Неготино, Демир Капија, Гевгелија и излегува на границата со Грција. Со тоа што, тоа нема да биде обична реконструкција на пругата во смисла се вадат старите пруги, се ставаат нови пруги, туку ќе е една целосно нова линија со два колосеци. Ние во моментов имаме линија која што е со еден колосек и која што е за жал во очајна состојба“, рече Николоски.

Потенцираше дека целта е да имаме двоколосечна линија, по едниот колосек да транзитираат патничките возови кој што би се движеле со брзина од 160 километри на час и погоре, што значи дека цела Македонија ќе се поминува, од граница до граница, за околу час и 15 до час и 20 минути.

Реклама

„Имајќи предвид дека постојната линија од Табановце до Гевгелија е 235 километри, затоа што оваа ќе е линија која е по права линија, очекуваме да се намали и бројот на километри, некаде за 20 до 25 километри. И вториот колосек ќе биде карго колосек, каде што ќе транзитираат само товарните возови кои што треба да оперираат со брзина од 110 до 120 километри на час и да може да транзитираат возови со 750 метри, што се најдолги возови во светот што воопшто постојат и е најголема брзина за карго воз. Тоа ќе значи Македонија директно ќе се отвори за јужните пристаништа и нашата пресметка е дека доколку Македонија ја постигне целта која што ја презеде со планот за раст од 327 илјади тони по километар, превезена роба, во тој случај само од транзит треба да добива 120 милиони евра годишно, што значи дека инвестицијата во пругата ќе се врати“, истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на патничкиот сообраќај, за некаде до 140 минути ќе се стигнува до Солун, затоа што веќе имаме разбирање со грчката влада дека во моментот кога ќе почне да се гради пругата на наша страна, ќе почне да се гради и на грчка страна, додаде вицепремиерот Николоски.