Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Николоски за наводите за мигрантски кампови: Најдобриот одговор го даде британскиот амбасадор

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада. Запрашан дали се вистинити пишувањата за кампови во земјава за мигрантите кои се одбиени за азил во Британија, Николоски посочи дека нашите услови за Договорот се одамна дефинирани и преговорите се завршени.

Според него, во договорот нема таква одредба за такви мигрантски кампови.

-Најдобриот одговор го даде амбасадорот на Велика Бритаија дека нема таква работа. Секако дека со земјата ќе соработуваме во борбата против криминалот и корупцијата и борбата против миграцијата. Нема ништо друго освен ист договор како со Фронтекс. Кредибилитетот на британскиот амбасадор не смее никој да го спори, рече вицепремиерот.

Реклама

-Најдобар демант за оваа тема се месеците и годините што доаѓаат пред нас, додаде Николоски.

Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, ги демантираше тврдењата дека договорот подразбира прифаќање мигранти од Британија.

-Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но таа се однесува на полициската координација меѓу агенциите. Тоа го правиме и со повеќе европски земји. Не станува збор за тоа дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Британија, истакна Лосон.

Тој додаде дека договорот предвидува интензивна соработка во справувањето со организирани мигрантски групи, размена на доверливи информации и зајакната координација на безбедносните служби.