Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Свечено отворен КИЦ во Белград

Претесен беше синоќа новоотворениот македонски КИЦ во Белград да ги прими сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претесен беше синоќа новоотворениот македонски КИЦ во Белград да ги прими сите оние кои посакаа да присуствуваат на свеченото отворање на ул. Македонска 30.

Пред бројна публика од академската, уметничката и културна средина на Белград, претставници на македонската заедница во Србија и дипломатскиот кор, поздравни обраќања имаа директорот на македонскиот КИЦ Васко Шутаров, амбасадорот во Србија Никола Тупанчески и потпретседателот на македонската влада Иван Стоилковиќ.

Долги и френетични аплаузи добија Зарина Првасевда и Васил Хаџиманов за модерните аранжмани и интерпретација на стари македонски песни, но и на безвремениот хит на Зафир Хаџиманов „Од љубов не се бега”.

Реклама

„Ништо така не спојува како културата”, тоа беше мотото кое директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров го потенцираше како мисија која оваа наша културна институција во странство треба да ја има во програмите и проектите во иднина, за уште поголемо зближување на двете соседски и блиски култури.