Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кое во Македонија ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

Македонија испишува историја, се врти нова страница на меѓународната сцена и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија испишува историја, се врти нова страница на меѓународната сцена и во билатералните односи со државите, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија, предводена од премиерот, Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, полека но сигурно достоинствено се враќа на меѓународната сцена и гради партнерски односи со силни и влијателни земји.

Македонија ги враќа добрите односи и ја зацврстува билатералната соработка со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Реклама

Македонската Влада и владата на Обединетото Кралство постигнаа согласност за стратешко партнерство.

Потпишувањето на Заедничката декларација, претставува чест и привилегија за државата, затоа што Македонија е една ретките земји со кои Обединетото Кралство склучило таков договор од највисок степен на меѓусебна соработка.

Стратешките договори меѓу земјите претставува највисок чин на меѓусебна доверба и нивна билатерална соработка.

Па така, овој стратешки договор со Обединетото Кралство ќе ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот.

Меѓу пријателските односи на двете земји, овој договор ќе претставува ново поглавје и ќе биде клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.

Договорот, исто така, ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од пет милијарди фунти, или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството.

Македонија конечно има Влада која работи во интерес на државата и во корист на граѓаните, позиционирајќи се како сериозен и стабилен партнер во евро-атлантската заедница, стои во соопштението на партијата.