Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Австрија со силна поддршка за Македонија, билатералните прашања не треба да бидат камен на сопнување

Силна поддршка од Австрија за македонските евроинтеграции, Брисел да покаже волја дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна поддршка од Австрија за македонските евроинтеграции, Брисел да покаже волја дека во иднина веќе нема да има сопки на патот кон ЕУ, Македонија заслужува да стане членка на Блокот, направи многу отстапки во минатото. Австриската министерка за надворешни работи по средбата со министерот Тимчо Муцунски порача дека Македонија е делот од кој Европа не може да се откаже, но дека треба да се исполнат обврските. Министерката Беате Мајнл-Рајсингер беше јасна во пораката – Европската Унија гледа што е направено во Македонија досега, а должност на Унијата е да овозможи билатералните прашања да останат такви, а не кочница на евроинтегративниот пат.

Ние забележуваме од страна на Европската Унија дека имаме обврска за да почувствуваат и граѓаните на оваа држава дека сме сериозни на овој пат. И поради тоа се залагаме за постепена интеграција во ЕУ и сакаме да почувствувате дека ве поддржуваме. Што се однесува до 2022 година тоа беше компромис. И ми се чини дека тука може да има различни мислења, дали тоа беше среќно или нереќно решение, меѓутоа тој компромис беше даден тогаш, тоа е факт. И тоа мора да се реализира. Да, ние разговаравме за тоа. Треба и уште некои реформи да се направат од страна на Македонија, порача Мајнл-Рајсингер. 

Муцунски пак, е дециден дека нема План Б. Патот кон полноправно членство е тежок и фрустрирачки, посебно за нас бидејќи имавме многу услови да исполниме. Сега е време да важат копенхашките критериуми, а уставни измени се можни само со одложено дејство.

Реклама

„Значи нема никаква дилема околу нашата посветеност на европскиот пат. Како ние тоа го докажуваме? Прва земја сме во регионот којашто потпиша партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, нешто што сега во актуелниот контекст се покажа како многу значајно. Тоа го направивме пред неколку месеци. Земја лидер согласно став на високи претставници на Европската унија во делот на имплементација на Реформската агенда којашто е интегрален дел од Планот за раст. Значи ние на дело покажуваме дека план А е полноправно членство во Европската Унија“, рече Муцунски на заедничката прес-конференција со австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајсингер, која е во посета на Скопје.

Двајцата министри се согласија дека односите меѓу двете земји се одлични – политички стабилни, економски силни и исполнети со заемна почит и доверба. Посебен акцент беше ставен на економската соработка, бидејќи Австрија е најголем странски инвеститор во државата. Муцунски уверува дека Министерството и Владата се подготвени да придонесат за зголемување на трговската размена и привлекување нови австриски инвестиции. Инаку, ова е прва посета на Мајнл-Рајсингер на Скопје по преземањето на функцијата на 3 март годинава.