Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Делегација од МОН на 24-от состанок на заедничкиот комитет на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии

Делегација на Министерството за образование и наука предводена од државниот секретар Елена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Министерството за образование и наука предводена од државниот секретар Елена Ивановска присуствуваше на 24-от состанок на заедничкиот комитет на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS), кој се одржа во Будимпешта во организација на Министерството за култура и иновации на Унгарија и Централната CEEPUS канцеларија во Виена.

На состанокот се дискутираше за досегашната ефикасност и перспективите на програмата, можностите за проширување на квотите за мобилност на сегашните земји потписнички, како и за проширување на програмата со нови земји учеснички.

Ивановска во своето обраќање истакна дека за Македонија оваа програма за размена на знаења и искуства е исклучително важна, особено во тековниот реформски период кога националното образование забрзано се адаптира на глобалните образовни трендови.

Реклама

„Постојано расте бројот на високообразовни установи од Македонија кои активно учествуваат во програмата и задоволство ми е што во моментов сме координатори на 4 академски мрежи.  Ја поддржуваме иницијативата за вклучување на нови земји, а воедно сакам да известам дека годинава ја зголемивме квотата за мобилност и доделивме 150 стипендии за престои во странство“, рече Ивановска.

Македонија како потписник на договорот со Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија,  Србија, Словачка, Словенија и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат како партнери во вкупно 127 мрежи од различни области. Во рамки на овие мрежи студентите од прв, втор и трет циклус и професорите имаат можност да аплицираат за стипендии за студиски престои надвор од државата, а конкурсот за академската 2025/2026 година е во тек и може да се погледне тука.