Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски на прес конференцијата со Кошта: Македонските граѓани го одат најтешкиот пат кон членството во ЕУ

Граѓаните од оваа, една од најмалубројниуте земји во срцето на Балканот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните од оваа, една од најмалубројниуте земји во срцето на Балканот и во Европа го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да кажеме го одат, бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, истакна на денешната заедничка прес конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Претседателот Кошта во неговиот говор пред малку кажа дека патот до полноправно членство во рамките на ЕУ е фтрустрирачки, тежок и предизвикувачки. Но, ние како граѓани како народ можеме да кажеме дека го одиме можеби и најтешкиот пат. Факт е дека тој пат го одеа и другите народи, кои што се сега дел од европското семејство, но граѓаните од оваа, една од најмалубројниуте земји во срцето на Балканот и во Европа го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да кажеме го одат, бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, рече Мицкоски.

Се надевам дека во периодот кој што следи ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, рече меѓудругото премиерот Мицкоски.

Реклама

-Се надевам дека во периодот кој што следи ќе го одблокираме овој процес, достоинствено. Беидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството, и достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство.

Присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда на нашата дипломатска соработка туку и реален чин на внимание, поддршка и интерес за иднината на целиот Западен Балкан да биде наскоро дел од Европската Унија, изјави Мицкоски.

-Во ова нова етапа кога граѓаните ја препуштија одговорноста на новата македонска Влада, моја обврска како премиер е да зборувам отворено, искрено и достоинствено. Тоа го правам првенствено затоа што имам должност кон народот но и кон самата европска идеја што толку упорно настојуваме да ја реализираме, рече Мицкоски.

Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, додаде премиерот Мицкоски.

-Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи, затоа што веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство, рече македонскиот премиер.