Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит

Инвестициски  циклус во домашните компании.  175 проекти ќе се финансираат од третата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициски  циклус во домашните компании.  175 проекти ќе се финансираат од третата транша во висина од 41.3 милиони евра од Унгарскиот заем која ја исплати Развојната банка. Парите ќе се делат преку банките, а најголем дел од колачот ќе добијат проекти од малите бизниси. По сектори најмногу ќе се вложува во производствени капацитети, а најмалку во обновливи извори на енергија односно 2 отсто. Преку оваа исплата поддржани се 91 мали, 9 микро, 57 средни и 18 големи компании. 19,5 милиони евра фирмите ќе ги вложат за инвестиции во опрема.

….По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45%  во градежи, 47% во опрема, 2%  во обновливи извори на енергија и 6% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата…. информираат од Развојната банка.

Со исплатата на третата транша, во стопанството вбризгани се половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на вкупно 470 проекти на домашните компании. Според досегашните информации за распределбата од трите транши најмногу се одобрени средства за поддршка на малите бизниси, а најмногу проекти се од областа на производството.

Реклама

Парите за компаниите доаѓаат под поволни услови – каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Тие аплицираа за кредит до 10 милиони евра, а во инвестицијата која ќе биде финансирана со овие средства треба да имаат сопствено учество од 20%. Компаниите во неколку наврати го поздравија ваквиот начин на финансирање, потенцирајќи дека ова ќе им помогне во отворање на нови работни места, модернизација на технологиите кои ги користат и можност за воведување иновации.

Инаку, од унгарскиот кредит беа одворени 250 милиони евра за компании, 250 милиони се наменети за проекти на општините, а 500 милиони се веќе искористени за враќање на еврообврзница, стар долг наследен од претходната власт.