Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Република Македонија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата Стратегија за Република Македонија за следните пет години (2025-2030).

Канцеларијата на ЕБОР во Скопје денеска соопшти дека стратегијата се фокусира на стратешките приоритети на земјата: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија

Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Република Македонија, истакнува дека новата Стратегија ја определува јасната и амбициозна визија на ЕБОР во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија.

Реклама

– Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Република Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат, вели Туркменоглу.

ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.