Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Меџити: Со работата и посветеност промената се забележува во секој дел од Тетово

Заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Тетово Биљал Касами присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во должина од 2600 метри.

Оваа инвестиција од над 15 милиони денари е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од страна на Владата на Република Северна Македонија и целосно обезбедени како грант средства од Владата.

„Како што знаете, пред некое време го отворивме новиот булевард во Тетово, а сега започнуваме со изградба на современ систем за водоснабдување што дефинитивно ќе влијае на подобрување на квалитетот на живот на тетовчани“, изјави Меџити истакнувајќи дека дека во општина Тетово, во соработка со градоначлникот Касами веќе многу проекти се реализираат и се во различни фази на имплементација, а уште уште многу други се планирани.

Реклама

„Со заедничка работата и посветеност, промената се забележува во секој дел од Тетово“ додаде првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами му се заблагодари на првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за поддршката, истакнувајќи дека за прв пат Владата инвестира во оваа населба.