Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Македонија 2025: Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија 2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава. Следуваше панелот „Образование на иднината“, на кој учествуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кој го отвори прашањето како да се изградат нови генерации на лидери, мислители и иноватори, преку реформи и искористување на најдобрите меѓународни искуства.

Посебно внимание привлече инспиративниот разговор со Дао Џенсен, претседателка на Compass UOL, на тема „Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат“, каде што беше истакната улогата на истрајноста и визијата во технолошкото претприемништво. Панелот „Револуција на вештачката интелигенција“ донесе конкретни примери за тоа како ИКТ иновациите веќе ја менуваат традиционалната индустрија и деловните модели.

Во рамки на вториот ден од Самитот се одржа и свечената церемонија за доделување на наградите за академска извонредност на стипендистите од програмата поддржана од Фондацијата Атанас Близнакоф од САД. Наградени беа 11 студенти од Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, кои оствариле успех во последните три години од студиите со просек над 9,5.

Реклама

Попладневниот дел од програмата продолжи со две значајни сесии: „Нова ера: Како вештачката интелигенција го редефинира нашиот свет“ и „Инспиративен разговор: Во економската еволуција на Саудиска Арабија“, кои го проширија хоризонтот на размислување за глобалната улога на технологијата и стратешките партнерства.

На панелот „Враќање на инвестициите, движење напред: Улогата на дијаспората во националниот раст“, модериран од со-основачот на Македонија2025, Џон Битов, претставници на успешни компании на нашинци од светот дадоа нови перспективи за економската интеграција на дијаспората со домашната економија.

Извршната директорка на Македонија 2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, оцени дека вториот ден од Самитот ја потврдил суштинската вредност на овој значаен настан, како место за размена на иновативни идеи, креирање партнерства и презентирање на конкретни иницијативи.

„Со задоволство гледам како Самитот прераснува во место каде што се поврзуваат делови луѓе и лидери од различни делови на светот, обединети од заедничка визија – посилна и поконкурентна Македонија. Панелите и интервјуата денеска беа особено квалитетни, зборувавме за тоа како да изградиме генерации лидери, како да ја искористиме вештачката интелигенција на одржлив начин и како да создадеме амбиент што ќе ги мотивира македонските таленти да се вратат или да инвестираат во татковината. Самитот ја покажа својата сила – да ги спои најдобрите идеи со луѓе што можат да ги реализираат“ – изјави Мојсоска Блажевски.