Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Мицкоски на средба со Гилаури: Учиме од најдобрите за македонско, подобро утре

Денеска имавме средба со Ника Гилаури поранешен премиер на Грузија, објави премиерот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска имавме средба со Ника Гилаури поранешен премиер на Грузија, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

Човек кој, во време на глобална економска криза, успеа да ја стабилизира економијата на Грузија, да го намали јавниот долг како процент од БДП и да го забрза економскиот раст. За време на неговото владеење ја искорени корупцијата во енергетскиот и финансискиот сектор, воведе едноставен и праведен даночен систем и ја позиционираше Грузија меѓу 10-те најдобри земји во светот за водење бизнис според Светска банка, потенцира во објавата Мицкоски.

Поранешениот премиер на Грузија, Ника Гилаури е дел од Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“, иницијатива за споделување искуства и практики што носат реални промени.

Реклама

Тој ги сподели своите искуства, практични совети и инспиративна приказна, како реформите ако се прават со волја и чесност, навистина можат да донесат резултати.

Впечатоците се силни, инспирацијата е голема, а мотивацијата уште поголема. Време е да учиме од најдобрите, не за да копираме, туку за да изградиме наше, македонско, подобро утре, истакна Мицкоски.