Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот – фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто

Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате многу просперитет во државата. Можете да станете следна Шавајрација за идните генерации. Можам да помогнам со вработувања, да донесам бизниси или инвестиции. Мислам дека Македонија не треба толку да се грижи за остатокот од светот, не треба толку да се грижи за ЕУ, ниту за кое било друго место во светот, туку треба да се грижи за самата себе, и оти може да биде Швајцарија на Балканот, или во светот, порача Крис Павловски, директор на компанијата „Рамбл“.

– Швајцарија многу добро ја користи перцепцијата дека е неутрална, и мислам дека Македонија може да го направи тоа. Мислам дека на ваков начин може да просперира, слично како што направи Ел Салвадор во Централна Америка. Мислам дека Македонија го има тој потенцијал да биде неутрална држава која ќе се држи настрана од политичките случувања и да се фокусира на економијата на државата, да ги отстрани бариерите за граѓаните и тоа треба да биде фокус, оцени Павловски во гостувањето на ТВ Сител.

Тој кажа дека се запознал со премиерот Христијан Мицкоски и оти неговите родители се по потекло од Македонија.

Реклама

– Моите родители се од тука, мојот татко е од Преспа, мојата мајка е од Мариово, двајцата потекнуваат од села во овие области и имам голема поврзаност со оваа држава, ја сакам Македонија и сакам се да направам за да напредува, да донесам колку што е можно повеќе знаење, дури и инвестирав во компании тука во 2011 година, вработивме многу луѓе, дури и Рамбл има многу луѓе тука. Секогаш мислам на Македонија и на начините како да помогнам. Актуелниот премиер е одличен домаќин, прифаќа идеи и тие односи ги развиваме изминатите години. Тој е одлична личност, рече Павловски.

Според него, треба да се гледа низ призмата „не очекувај владата да направи се за тебе, туку работи напорно за себе и за својата држава, и таа може да биде одлично место“.

– Ако го отворите пазарот – банкарството беше голем сектор еден од најголемите во светот, Швајцарија капитализираше од тоа. Новиот сектор кој се издигнува сега е крипто светот, целото законодавство кое Америка се обидува да го донесе во моментот. Ако Македонија стане првата држава во Европа која ќе ги усвои законските измени и ќе им дозволи на крипто компаниите да дојдат тука, ќе има многу компании кои ќе ја напуштат Европа само за да дојдат во Македонија. Според мене, треба само добри закони. Постои реална можност во дигитализацијата и напредно размислување во вештачка интелегенција и крипто. Ако Македонија е напред во законската регулатива, тоа природно ќе донесе луѓе и бизниси, вели Павловски.

Тој истакна дека има околу 100 луѓе кои работат во компанијата „Космик девелопмент“ во Битола, додека во однос на „Рамбл“ планираат да направат многу тука.

– Проценуваме капацитети за центар на податоци, можности за инвестирање во енергетика, многу различни работи во кои може да се прошириме и да направим многу повеќе, рече Павловски.