Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Димитриевски со повик до членовите на СДСМ: Златна виза не носи визија за Македонија

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски оцени дека СДСМ е структура која ја изгубила врската со реалноста и денес опстојува само преку фабрикувани скандали и ПР-трикови.

Оттука тој директно се обрати до Венко Филипче:

-Венко, за што ќе ја искористиш “златната виза” од Дубаи која призна дека ја поседуваш? Човек кој добил можност трајно да се исели од државата, не може да биде партиски лидер. Со една нога надвор од Македонија, со мисла за бегство наместо за обнова – не се станува водач на народ. Златна виза во џеб значи златна резерва за бегство – а не визија за иднината на нашата татковина, рече тој.

Реклама

Претседателот на ЗНАМ упати силен повик до членовите на СДСМ:

„Ги повикувам сите искрени, чесни и достоинствени членови на СДСМ – оние кои сè уште веруваат во идејата за правда, еднаквост и општество за сите, да станат дел од вистинската промена. Доста беше да гледате како Вашата партија се претвора во празна обвивка водена од лични амбиции и привилегии. Знаеме дека има луѓе меѓу Вас кои не се сложуваат со тивката капитулација пред елитизмот и корупцијата. Време е да кажете „доста е“ и да се приклучите на движење што не ги купува идеалите – туку ги живее. Ова е повик до Вашата совест. Не заради нас – туку заради иднината на оваа земја. ЗНАМ не прави разлика меѓу левица и десница – туку меѓу оние што сакаат Македонија да успее и оние што ја користат како заложник за лична корист. Вие, вистинските социјалдемократи, знаете што значи борба за правда, знаете што значи солидарност. Тоа што го браневте некогаш, денес го гуши актуелното раководство. Време е да застанете од правата страна на историјата – за народот, а не за фотелјите, посочи Димитриевски.

На теренските средби доминираа теми што вистински ги засегаат граѓаните – блокирани инвестиции, нефункционално јавно здравство, масовното иселување на младите, непотизам и институционална парализа.
Движењето ЗНАМ ќе продолжи со теренски средби низ целата држава. Граѓаните заслужуваат автентична политика, отчетност и визија за нашата Македонија.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdvizenje.znam%2Fposts%2Fpfbid0HPoECmVgGodJ7iqxWJHQLAYBTW2qEANUJdhoUCHgHzZYUAmbCfszkZLP9mh4UeaYl&show_text=true&width=500