Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Мицкоски со честитка по повод 9 Мај: Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи

Среќен 9 Мај – Денот на Европа!, напиша премиерот Христијан Мицкоски на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Среќен 9 Мај – Денот на Европа!, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фесбук профил.

-Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото, објави Мицкоски на Фејсбук.

Но воедно, напиша Мицкоски, да не заборавиме на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот.

Реклама

-Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани кои во своите животи ги положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија. Методија Андонов Ченто, Петре Пирузе Мајски, Михајло Апостолски, Павел Шатев, Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош, Ибе Паликуќа, Елпида Караманди, Кузман Јосифовски – Питу и плејада други големи имиња се вградија во денешната наша државност.

Пред нивното дело се поклонуваме со огромна почит и внимание. Затоа победата над фашимот е и наше право, а почитта кон тоа е наш долг. Честит 9 мај, објави премиерот Мицкоски на фејсбук.