Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Средба на Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек, договорено интензивирање на соработката

Интензивна соработка помеѓу двете министерства во областа на даночната политика и борбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивна соработка помеѓу двете министерства во областа на даночната политика и борбата со финансискиот криминал е договорена на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек, на која присуствуваа и директорите на УЈП Елена Петрова и на Управата за финансиска полиција  Слободан Ивановски, соопшти денеска Министерството за финансии.

Даночните управи, како што било договорено на состанокот во Министерството за финансии на Турција, ќе работат на директна размена на информации за даночни ризици, заеднички даночни контроли и слични заеднички активности за мониторирање на активностите на поврзани даночни обврзници што може да влијаат врз плаќањето на даноците во двете земји.

Министерката потенцирала дека Управата за јавни приходи игра значајна улога во прибирање на приходите во Буџетот и оти се многу значајни сите активности и мерки што се преземаат, а се во насока на зголемување на ефикасноста во прибирањето на даночните приходи, како и примена на меѓународни искуства.

Реклама

-Во таа насока е утврдена и потребата за идна соработка на Управата за финансиска полиција со Одделот за истраги на финансиски криминал преку споделување знаења и искуства за добри пракси. Воедно беше потенцирана и важноста на брза и ефикасна размена на податоци и информации, како и градење на институционалните капацитети преку размена на знаења и искуства, велат од Министерството за финансии.

Двајцата министри размениле мислења во однос на актуелните состојби на глобално ниво и мерките што се преземаат за справување со предизвиците.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на работната посета на Турција, вчера остварила средба со турскиот министер за трговија Омер Болат, а утре ќе учествува на Евроазискиот економски форум.

Во составот на делегацијата, што ја предводи министерката, се државниот секретар во МФ Андриана Матлиоска, Катерина Антовска, шеф на кабинет и посебен советник во МФ, како и директорите на Управата за јавни приходи Елена Петрова, на Царинската управа Бобан Николовски и на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.