Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Македонија и Турција ќе ја зајакнуваат економската соработка преку обезбедување поповолни услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Турција ќе ја зајакнуваат економската соработка преку обезбедување поповолни услови за соработка. На средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трговија Омер Болат договорена е соработка помеѓу царинските органи на двете земји, како и обновување на меѓусебните договори за заемна соработка, како и потпишување нови меморандуми за соработка.

„Македонија и Турција имаат одлична политичка и економска соработка која се темели на голем број меѓусебно потпишани договори. Денеска на средбата со министерот Болат разговаравме и се сoгласивме дека е потребна соработка на царинските органи на двете земји, а во таа насока интензивирање на комуникацијата помеѓу нив во наредниот период. Исто така, стана збор за обновување на меѓусебните договори согласно новите стандарди и препораки, а во насока на подобрување на бизнис климата, привлекување инвеститори и олеснета трговија“, рече министерката за финансии

Таа потенцира дека Владата е посветена на обезбедување забрзан економски раст и интензивирање на соработката со пријателските земји, меѓу кои е и Турција.
Брзата размена на податоци беше нотирана како врвен приоритет на двете држави.

Реклама

Средбата се реализираше во рамки на работнта посета на министерката на Турција. На средбата присуствуваа државниот секретар во МФ Андриана Матлиоска, Катерина Антовска, шеф на кабинет и посебен советник во МФ, како и директорите на Управата за јавни приходи Елена Петрова, на Царинската управа Бобан Николовски и на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.Од турска страна беа присутни, покрај министерот Болат и замениците министри Мустафа Тузџу и Сезаи Учармак, шефот на директорaтoт за меѓународни договори и ЕУ Хусну Дилемре, шефот на директоратот за царина Мустафа Ѓумуш, шефот на директоратот за царинска контрола Реџеп Кошал, како и советникот на министерот Мехмет Хусејин Билгин.