Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Мицкоски: Македонија бележи најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, информира дека заклучно со првиот квартал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, информира дека заклучно со првиот квартал од 2025 година, јавниот и државниот долг се значително намалени. Според податоците, јавниот долг изнесува 57,7% од бруто домашниот производ (БДП), додека државниот долг е 50,1% од БДП. Ова е најниско ниво во последните пет години.

Во однос на 2020 година, јавниот долг е намален за 2 процентни поени, а државниот за 0,7 процентни поени.

„Ова се јасни индикатори за стабилизирање на македонската економија,“ изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

„По првата фаза на стопирање на економскиот пад кој траеше седум години, веќе сме во фаза на консолидирање што се одвива побрзо од очекуваното. Следува период на развој и реализација на стратешките цели во рамките на овој мандат“, изјави Мицкоски.

Владата останува посветена на спроведување дисциплинирани и развојно насочени економски политики. „Горда Македонија е богата Македонија. Македонија станува повторно твоја“, изјави Мицкоски.