Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Формирана Меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од Берлинскиот процес и реформската агенда од Планот за раст

Денеска во Собранието се одржа конститутивна седница на Меѓупартиската парламентарна група за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Собранието се одржа конститутивна седница на Меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од Берлинскиот процес и реформската агенда од Планот за раст.

Иницијативата за оваа Група беше поднесена во октомври минаната година и истата беше прифатена од сите партии. На денешното нејзино конституирање, формално за претседател на истата, едногласно беше избран потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Милошоски се заблагодари за довербата и вети што повеќе активности на Групата. Тој истакна дека формирањето на оваа Група е од исклучителна важност за Собранието за обезбедување парламентарен надзор и поддршка во спроведувањето на клучните реформски обврски што произлегуваат од Берлинскиот процес и новата реформска агенда од Планот за раст, како стратешки приоритети на државата. Во насока на нејзино поуспешно делување, предложи членување не само на моменталните 29 пратеници, туку и на невладини организации.

Реклама

Меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од Берлинскиот процес и реформската агенда од Планот за раст ќе се занимава со:

• степенот на реализација на обврските поврзани со Заедничкиот регионален пазар;
• јавните и надзорните расправи со претставници на извршната власт, а во врска со проектите кои се дел од целите на Берлинскиот процес;
• претставување на Собранието на регионални и меѓународни настани организирани во рамките на Берлинскиот процес;
• други активности поврзани со Планот за раст на Европската комисија

Во Берлинскиот процес учествуваат 9 земји членки на ЕУ, како и Велика Британија, а од пред една година не се вклучени само Владите, туку и Парламентите. Во моментов со Берлинскиот процес претседава Германија, но од јуни претседавањето ќе го презеде Велика Британија.