Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Истекува мерката за ограничување на маржите

Последен ден од мерката за ограничување на цените и маржите што ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последен ден од мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки и опфат на што повеќе производи. Сепак, надлежните се надеваат дека трговците ќе бидат фер и дека нема драстично да ги зголемат разликите во цените.

Државниот пазарен инспекторат ја оценува како успешна мерката за ограничување на бруто профитната маржа на 102 групи на производи и за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи.. Во овој период биле извршени околу 600 инспекциски контроли. Оттаму не сакаат да споделат повеќе детали додека не финишираат анализите за надзорите и изречените опомени и казни. Истовремено се работи и на контролирање на цените по кои се продаваат производите во маркетите дали се исти со оние објавени на интернет страниците на компаниите.

„Податоците се менуваат постојано. Ќе направиме анализа за да видиме во овој период колку вкупно имало контроли, колку имало опомени, изречени глоби, на некои места ќе треба да се вратиме и за повратни контроли и слично. Во однос на онлајн цените ги проследуваме недостатоците до Министерството за економија. Има случаи на некои продажни објекти кои имаат голем промет, а само еден вработен и сега ќе треба да отвораат веб страници и тие недостатоци треба да се отстранат“ – велат од ДПИ.

Реклама

Дека мерките вродија со плод покажуваат и податоците за намалување на синдикалната потрошувачка кошничка. Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство за два месеци се намалени за над илјада денари. Трошоците во март биле помали за 1900 денари споредено со февруари. Во април пак има зголемување од 836 денари споредено со март годинава. Тенденција на намалување се забележува кај издатоците за храна и пијалоци од речиси две илјади денари во последниве два месеци. За храна и пијалоци на едно четиричлено смејство му требаат 21.480 денари месецов. Тоа е повеќе од третина од фамилијарниот буџет според пресметките на синдикатот. И податоците за инфлацијата се позитивни. Министерот за економија Дурмиши рече дека во март иако имало инфлација од 2,7 проценти, споредено со февруари има дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци.